spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСоопштение

Соопштение

Во текот на вчерашниот ден, 13.10.2021 година, во исклучително пријатна и работна атмосфера се одржа VII-от Конгрес на СОНК.

На Конгресот, согласно Одлуката за бројот и составот на делегати, од вкупно 119 беа присутни 115 делегати од сите дејности што ги застапува СОНК. Секако, на Конгресот присуствуваа делегации од социјалните партнери и соработници на СОНК, како и делегации од земјите од странство поточно синдикати од образование, со кои нашиот синдикат има долгогодишна синдикална соработка.

Согласно Дневниот ред, Делегатите на VII-от Конгрес едногласно ги усвоија следните документи:                                                                                                      -Извештај за работата на СОНК во мандатен период од декември 2015 до октомври 2021 година;                                                                                                  -Програма за работа на СОНК за мандатен период октомври 2021 – октомври 2026 година;                                                                                                                -Статут на СОНК;

-Резолуција за усогласување на платите на вработените во детските градинки, основното и средното образование со Законот за минимална плата;

 

-Резолуција за заштита на претседателите на синдикалните организации на СОНК;

 

-Резолуција за исплата на целосна плата на заболени и  во изолација од пандемијa; -Резолуција за почитување на Законот за работни односи во делот на примена на гранските (посебните) колективни договори.

 

По усвојување на документите, Делегатите на VII-от Конгрес  го реизбраа Јаким Неделков за претседател на СОНК и му дадоа доверба да го води СОНК во наредните 5 години.

 

 

 

 

Извор: СОНК

 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...