spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Преку СЕФФ платформата – Иновативни начини за финансирање на инвестициите на...

МФ: Преку СЕФФ платформата – Иновативни начини за финансирање на инвестициите на јавниот и приватниот сектор преку Планот за забрзан економски раст

Планот за забрзан економски раст, кој е еден од стратешките документи што ги подготвува Министерството за финанси и кој е пред усвојување, како и можностите што ги нуди тој за инвестирање денеска беа претставени пред засегнатите страни во имплементацијата на предвидените активности од Планот.

Министерството за финансии ја продолжува практиката да ги дискутира своите планови и политики со бизнис заедницата. Затоа ја воспоставивме и СЕФФ платформата, која е активна по одржување на Првата конфернција на МФ во септември годинава, а во чии рамки се одржа и денешната дискусија со претставници на стопанските комори, банките, развојните партнери, како и институциите кои ќе бидат вклучени во реализација на Планот, односно директорите на Дирекцијата за ТИРЗ, Развојната банка на Северна Македонија и на Фондот за иновации и технолошки развој.

„Во насока на нашите заложби за фискална консолидација, а воедно и заложбите за удвојување на економскиот раст и постигнување годишни стапки на раст на БДП од околу 5%, Министерството за финансии го подготви Планот за ззабрзан економски раст. Целта на Планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс постепено да се намалува фискалниот дефицит, а со тоа и да го задржиме долгот на стабилно ниво, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Овој план нуди нови начини за пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор. Покрај традиционалните инструменти, предложени се и повеќе иновативни начини за финансирање на инвестициите, користење на расположливите средства од официјалните кредитори и искористување на сите можности за мобилизација на приватниот капитал.

“Главната поента на Планот е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу 4 милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор£, потенцира министерот и оцени дека со тоа ќе се влијае не само на зголемување на вкупните инвестиции и забрзување на растот, туку и на отворање нови работни места.

Планот за забрзан економски раст е насочен кон инвестиции во јавни проекти, инвестиции во приватниот сектор, реформски политики и институционални реформи, а приоритетни области на кои ќе биде фокусиран се зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, човечки капитал, физичка инфраструктура и социјална кохезија. Покрај од буџетот, средствата за реализација ќе се обезбедуваат преку меѓународни и билатерални финансиски инститиуции, приватни институционални инвеститори, банки и развојни партнери, како и грантови.

Планот за финансирање на економското заздравување и забрзаниот раст треба да се усвои од страна на Владата, а активностите се предвидени за периодот од 2022-2026 година.

Дел од инструментите кои веќе стојат на располагање и новите инструменти предвидени во Планот, во текот на дискусијата беа претставени од страна на директорот на Развојната банка, Кире Наумов, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте