spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро

Охрид: Идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро

Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.

Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните. Граѓаните своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса javni_nabavki@ohrid.gov.mk со назнака „Идејно решение за плажи“.

Во прилог се фотографии од идејното решение број 1 и фотографии од идејното решение број 2.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

 

Прочитајте