spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: ЕК констатира напредок во борбата против корупцијата, ДКСК – со поголема...

ДКСК: ЕК констатира напредок во борбата против корупцијата, ДКСК – со поголема меѓуинституционална соработка можеме до поголеми резултати

Во најновиот Извештај на Европската комисија за земјава , повторно се нотира напредок во борбата против корупцијата и судирот на интересите во земјата. Позитивната оценка се базира на зголемен проактивен пристап на Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интересите (ДКСК), во неколку сегменти. Отворање на голем број на предмети, вклучително и оние за лица на високи позиции во државните институции, се главни темели на кои се базира напредокот во оваа област.

Ова е директна потврда за оправданоста и значењето на активностите преземени во претходниот период  и ажурноста на Комисијата во овој состав, која преку својата работа и залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи. Со ваквата оценка ДКСК добива директна потврда за своето работење и дополнителен поттик во напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за дискредитација.

Овие позитивни сигнали за земјата се значајни и како потврда на работата на Комисијата, но и како поттик за уште поголема ажурност од страна на сите институции надлежни во процесот на справување на борбата против корупцијата.

За да го поттикне дополнително овој процес ДКСК апелира до надлежните институции да постапат по предмети кои се отворени, бидејќи само со поголема меѓуинституционална соработка можеме да очекуваме поголеми резултати. Европската комисија потенцира дека треба да продолжат заложбите за зајакнување на поддршката и на другите институции за активно вклучување во борбата против корупцијата и судирот на интересите и поефикасно постапување согласно надлежностите.

ДКСК потсетува дека се уште чека постапување по неколку предмети кои се од јавен интерес, како што се: Одговор од јавно обвинителство (ЈО) по иницијативата за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на ДУП Ц08 – Холидеј ин; Одговор од ЈО по иницијативата за кривична одговорност за лицата од ДИК кои учествувале во тендерот за набавка на печатени материјали за гласање; Одговор од Уставен суд по иницијативата за оценка на уставноста на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка; Одговор по иницијативите за разрешување на одговорни лица; Промена на законската регулатива за ограничување на дискреционите права на одговорните лица и конечно обезбедување можности за фер начини на вработување; Промена на начинот за избор на високо раководна служба директори и членови на УО; Примена на препораките од јавната дебата што ја организираше ДКСК за Законот за дивоградбите, при подготовка на новата верзија на законот; Донесување на законот за потекло на имотот, како и многу други препораки за кои се чека имплементација.

Покрај тоа во Извештајот на ЕК е потенцирана и важноста од зајакнување на стручиот капацитет на ДКСК. Минатата година Комисијата доби нови простории и седум нови стручни вработувања со што се подобри капацитетот на институцијата, но овој процес мора да продолжи и понатаму за да може оваа институција да даде вистински придонес за општеството, согласно своите надлежности.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...