spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит и Универзитетот Американ Колеџ е полн погодок за секој млад човек...

ИутеКредит и Универзитетот Американ Колеџ е полн погодок за секој млад човек што сака да инвестира во себе

Кристина Тасева е студентката која на почетокот на годината ја доби стипендијата на ИутеКредит за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациски науки на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Во моментов, кога таа е на чекор до припрема на својот магистерски труд, успеавме повторно да се сретнеме и да поразговараме за нејзиното досегашно искуство како студент на постдипломски студии на UACS.

Здраво Кристина, како би ја опишала твојата прва академска година на магистерската програма за Бизнис и Организациска Психологија на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје?

За првата академска година на магистерската програма за Бизнис и Организациска Психологија на Универзитетот Американ Колеџ би кажала дека беше многу активна година, исполнета со богати теоретски дискусии со колегите и професорите на секој предмет, но и исполнета со практикување и  употреба на психолошки концепти, тестови и методологии во решавање на различни проблеми поврзани со контекстот на работата и бизнис околината.

Со какви предизвици се соочи за време на студирањето и дали постојат одредени достигнувања на кои си особено горда?

Правејќи една ретроспектива на оваа година би кажала дека понекогаш претставуваше предизвик да се одржи темпото на динамичен живот на едукација и работа, но секогаш преовладуваше мотивацијата и желбата да научам нешто ново во полето на бизнис организациската психологија. Магистерските студии се поразлични од додипломските со тоа што се многу повеќе фокусирани на практичната примена на знаење, претежно правење истражувања и анализи во полето на бизнис организациската психологија, што беше предизвикувачки начин на примена на знаење, но исклучително корисен за понатамошна правилна примена на работното место.

Како дел од достигнувањата со кои се гордеам оваа година е успешното завршување на 80% од предметите предвидени за оваа програма. Почнувајќи со предметите за креирање и менаџирање со организациски промени, напредни статистики за психолози, развој на човечки ресурси па се до менаџмент на интерперсонални врски на работното место, во оваа година останува само уште 1 предмет и припремата за магистерскиот труд. Исто така, би го истакнала новото вработување кое е во доменот на организациска и бизнис психологија. Во новата улога на позицијата за искуство на вработени (Employee experience) во која што навистина се пронаоѓам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на компанијата и вработените и успешно ќе го практикувам досегашното стекнато знаење.

Какви се твоите планови по завршување на студиите?

По завршувањето на магистерските студии, сакам да продолжам да се надоградувам и растам во мојата кариера по патот на организациската и бизнис психологија. Се надевам дека ќе продолжам успешно да го применувам знаењето во полза на организациите и вработените со подобрување на секојдневните функции, перформансот, ефикасноста на работата и градењето на културата во една организација.

Дали постдипломските студии на Универзитетот Американ Колеџ ги исполнија твоите очекувања?

Да, секако. Едукацискиот процес исполнет со реномирани професори, секој експерт во своето поле, колеги што се секогаш позитивен предизвик во дискусиите и давањето на различни перспективи, како и богатата библиотека на врвни едукациски материјали која ја нуди факултетот сметам дека би биле мотивација и би ги исполниле очекувањата на секој студент.

Која е твојата порака за идните студенти кои размислуваат за образование и кариера во сферата на психологијата?

На студентите со интерес во полето на Бизнис Организациската Психологија и желбата да го остварат својот потенцијал во креирање и одржување на организациска околина која ќе го оствари потенцијалот на вработените би им порачала да продолжат да го надоградуваат своето знаење во ова поле и да бидат дел од срцето на водечката сила која тек ќе се справува и соочува со последиците и предизвиците во организациското работење кое ги донесе оваа пандемија.

Токму оваа пандемија ја покажа критичната улога на работењето во човечки ресурси и организациските психолози, со предизвиците на работење во моменти на глобална криза. Сметам дека оваа професија ќе продолжи да биде од исклучително значење во оранизациите помагајќи во адаптацијата на новиот тренд на флексибилно работење, развој на вештини за справување со проблеми и во максималното остварување на човечкиот капитал како ангажиран, инспириран и мотивиран за работа.

ИутеКредит Македонија и оваа година во соработка со Универзитетот Американ Колеџ во Скопје доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство. Конкурсот е отворен од 14.10 до 15.11.2021 година, а деталите може ги прочитате тука.

 

 

Извор: ИутеКредит

Прочитајте