spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Роденденска Крводарителска акција

Карпош: Роденденска Крводарителска акција

Во четврток, на 28 октомври, Општина Карпош ќе ја организира, традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.

 

Граѓаните од Карпош, но и од други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даваат крв, тоа ќе може да го сторат во четврток од 9 до 17 часот, во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“.

 

 

Оваа акција на доброволно дарување крв локалната самоуправа ја организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст при Општина Карпош.

Организаторот на оваа хуманитарна акција ги потсетуваат сите граѓани – потенцијални дарители дека е задолжително да се почитуваат заштитните мерки пропишани за  Ковид-19, што значи почитување на протоколите пропишани од Комисијата за  заразни болести и Министерството за здравство.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...