МТСП: Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

МинистерстваМТСП: Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

Најчитано

Ве  известуваме дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3872 корисника.

Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена Согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата.

Висината на додатокот за образование изнесува 714 денари месечно за ученик во основно образование и 1.020 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.240 дeнари.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе