spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Во тек е асфалтирањето на пристапните патишта од улицата „Аргир Манасиев“...

Гевгелија: Во тек е асфалтирањето на пристапните патишта од улицата „Аргир Манасиев“ во стопанската зона „Ракита“

Продолжуваат градежните зафати за изградба на улицата „Аргир Манасиев“ во индустриската зона „Ракита“, во Гевгелија. Имено, во тек е втората фаза, односно асфалтирањето на двата пристапни пата, во должина од 1800 метри. Кое го изведува „Топ Билд“ од Скопје, како избрана градежна фирма со најповолна понуда на спроведената тендерска постапка од страна на Општина Гевгелија.

А, се реализира со средства од Буџетот на Општина Гевгелија, согласно Програмата за изградба на улици и патишта. Градежните работи од првата фаза за изградбата на овие пристапни патишта, односно зафатите за тампонирањето и поставување бетонски рабници ги изведе градежната фирма „Обнова Инженеринг“, која, исто така, даде најповолна понуда на тендерската постапка.

 

Со конечната реализација на проектот како дел од акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура, во индустриската зона „Ракита“, значително ќе биде олеснет пристапот и сообраќајното движење до стопанските објекти, имајќи ги предвид претходните услови во оваа стопанска зона, каде на неуредените пристапни патишта по обилните врнежи се собираше вода, а сообраќајот се одвиваше по кал.

Истовремено, ќе се подобрат и условите за реализација на новите инвестициони проекти.

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија