spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Соработка помеѓу Академијата и Владата е апсолутен императив

МЖСПП: Соработка помеѓу Академијата и Владата е апсолутен императив

Министерот за животна средина и просторно планирање имаше воведно обраќање на 5-та Меѓународна конференција „Кон одржливиот развој“, што вчера се одржува на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Конференцијата е посветена на надминување на последиците од пандемијата со КОВИД-19, и обезбедување на напредок кон постигнување на глобалните цели за одржлив развој. Во тој контекст министерот Нуредини ја потенцираше досегашната добра соработка со универзитетите како и важноста на добрата соработка меѓу владините институции, локалните власти и бизнис заедницата, со академиите што ја создаваат научната база врз која треба да се засноват политиките, но и ги образуваат идните лидери и политичари.

„Дури и пред пандемијата, постигнувањето напредок кон целите за одржлив развој беше возвишена и амбициозна цел. Многу земји добро напредуваат кон ова, но на нерамномерен начин. Пандемијата, за жал, ги уназади изгледите за исполнување на целите за одржлив развој до 2030 година на многу држави “ рече Нуредини, укажувајќи на потребата да се преиспитаат и засилат нациналните напори за нивното постигнување.

„Ние како Влада, како што знаете, презедовме одредени реформи за да ја направиме нашата иднина поодржлива, ги ревидираме повеќето од нашите закони, ги усогласуваме со директивите на ЕУ, кои самите се, или се насочени кон целите на одржлив развој“ додаде Министерот за животна средина и просторно планирање. Посебен осврт даде на амбициозните цели и зацртаните национални придонеси кон Договорот од Париз во однос на националаната контрибуција за ограничување на емисиите на стакленички гасови, но и за предизвиците на транзицијата на економијата кон циркуларна.

Воведни обраќања има и ректорот на Универзитетот проф. д-р Азис Положани, германската амбасадорка Анке Холштајн други важни личности од областа.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...