spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со Роберт Декер, заменик амбасадор на Холандија

МЖСПП: Средба со Роберт Декер, заменик амбасадор на Холандија

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава Н.Е. Роберт Декер.

На средбата се разговараше за тековните активности и можноста за соработка. При тоа,  Оџаклиеска ја истакна важноста на улогата на општините во справувањето со проблемите во животната средина и потребата од зајакнување и поддршка за развој на капацитетите на локално ниво со цел доследно спроведување на обврските утврдени во донесените законски акти во областа на животната средина.

Се разговараше и за можностите за поддршка и идна соработка при реализација на активности за заштита на водните ресурси, заштита од поплави и управувањето со отпад во насока на подобрување на состојбите на локално ниво.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...