Општина Крива Паланка продолжува со реализација на проекти за изградба на локалната патна инфраструктура и во таа насока започна со подготвителните активности за изградба на локалниот пат, Крива Паланка –село Варовиште- село Кошари – село Б’с .
Овој проект ќе се рализира со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, а преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година.
Изградбата на овој патен правец е еден од приоритетите на Општината и има огромно значење за граѓаните, за месното население, но и за сите кои гравитираат кон овие населени места.
Динамиката на активностите за изградба ќе се одвиваа согласно временските услови и согласно предвидените рокови од договорот.
Изведувач на работите е „Лабино Трејд“ ДООЕЛ –Гостивар, надзор на работите е ВЕИНГ ДООЕЛ-Скопје, а вредноста на инвестицијата е околу 10 милиони денари.
Извор: Општина Крива Паланка