Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори, бруто-домашниот производ во 2019 година изнесува 692 683 милиони денари и во однос на 2018 година е номинално зголемен за 4.8 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2019, во однос на 2018 година, изнесува 3.9 %.
Најголемо учество на додадената вредност со 20.3 % во структурата на БДП, во 2019 година, имаат секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2019 година, во однос на 2018 година, номинално порасна за 4.0 %, а во структурата на БДП учествува со 79.5 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2019 година изнесува 62.4 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2019 година изнесува 145 756 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.7 %, машините и опремата со 32.9 %, а останатите инвестиции со 9.5 %.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика