Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2021 година се:
Од областа на науката
1. проф.д-р ДЕНКО МАЛЕСКИ – професор во пензија
– за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование.
2. д-р ЕМИЛ НИАМИ –автор, лектор, преведувач
– автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.
Од областа на образованието и воспитанието
1. Проф. д-р МИШО ДОКМАНОВИЌ. редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје
-за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.
Од областа на публицистиката
1.СЛОБОДАН ПЕТРОВИЌ, новинар, публицист
-за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција
Од областа на културата
1.ИРЕНА КОЛИШТРКОСКА НАСТЕВА, археолог
-за непрекинато 35–годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.
2.ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА, писател, поет, прозаист
-за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.
Од областа на уметноста
1. ЕМИЛИЈА ЏИПУНОВА, балетски уметник и балетски критичар
-за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.
Од областа на здравствената заштита
1. МЕДИЦИНСКИ ТИМ на доктори – кој ја изведе првата операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови:
доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.
-за успешно извршена прва операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови.
2.ТИМ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД 19 ПРИ ЗДРАСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ
-за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.
Правни лица
1.ЈНУ ИНСТИТУТ за македонска литература – Скопје
-за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.
2.ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје
– за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.
на лице од друга држава
1. РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА, режисер, актер
-за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.
Ученици и студенти
1. САНДРА НЕДАНОВСКА, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.
Извор: Град Скопје