spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: “Кратка студиска посета & градење на капацитети на oрганизациии во...

НАЕОПМ: “Кратка студиска посета & градење на капацитети на oрганизациии во Европски солидарен корпус “

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во сорабтока со Националната агенција на Турција објавува повик за 2 учесници од Република Северна Макдонија кои ќе учествуваат на “Кратка студиска посета & градење на капацитети на организациии во Европски солидарен корпус “, од 15 до 19 ноември 2021 во Анталија , Турција.

Цели на настанот: 

Настанот ќе овозможи младински работници и организации кои работат во Европски солидарен корпус да се запознаат со младинската работа и активностите на младинскиот сектор во Анталија преку директни контакти и размена на идеи за идни заеднички активности. За таа цел ќе бидат реализирани комбинирани активности на посети со работни сесии фокусирани на вмрежување, размена на искуство и добри пракси во работата. За време на настанот учесниците ќе имаат можност да дискутираат и за релациите на организациите со Европски солидарен корпус и волонтерство.

Настанот ќе овозможи

– неколку посети на лице место на тековни проекти во Анталија кои се финансирани преку Европски солидарен корпус;

– можност за креирање на нови партнерства и вмрежување за учесниците и организациите кои работат во Европски солидарен корпус;

– споделување на добри практики и реални ситуации во кои работат претставниците на организациите од државите членки на ЕУ, партнерските држави и Турција;

– мапирање на влијанието на Европски солидарен корпус на одржливоста на проектите од ЕСК;

Профил на учесници:

– Претставници на организации активни во имплементација на проекти преку програмата Европски солидарен корпус

– Младински работници

– Младински лидери

– Ментори (на волонтери , на учесници преку програмата Европски солидарен корпус)

Патни трошоци за учесниците: 

–  По приемот на сите апликации од заинтересирани учесници НАЕОПМ ќе изврши селекција на вкупно 2 учесници .

– На селектираните учесници на настанот трошоците за пат ќе им бидат покриени од страна на Националната агенција со купување на повратен авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје со датум на поаѓање 15.11.2021 и датум на враќање 19.11.2021 година.

Трошоци за сместување и храна: 

– од страна на организаторот Националната агенција на Турција за сите учесници покриени се трошоци за оброци, кафе паузи и сместување.

– Учесниците ќе бидат сместени во еднокреветни соби и трошоците за сместување ги покрива Националната агенција на Турција

КОВИД  19 мерки за патување и сместување во хотел:  

– Сите заинтересирани учесници мора да ги исполнат актуелните КОВИД 19 мерки кои се валидни за патување во Република Турција

– трошоци за КОВИД 19 / антиген тест нема да бидат покриени од организаторот или од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Учесниците кои немаат Сертификат за примени 2 дози на вакцина сами ги покриваат трошоците за КОВИД 19 / антиген тест.     

– заштитни маски, средства за дезинфекција и сите други потребни елементи за заштита за време на настанот ќе бидат обезбедени од  Националната агенција на Труција.

– настанот ќе биде органзиаиран со почитување на социјална дистанца , мерки за хигиена , носење на маска со строга контрола за почитување на истите.  

– Пред почеток на секоја сесија на сите учесници ќе им биде мерена температура пред влез во салата за состаноци. 

– Распоредот на седење на учесниците во салата за настани  ќе биде во согласност со препорачана социјална дистанца. 

– Кафе паузите ќе бидат организиарани на отворен простор на тераса друго место на отворено ,  надвор од салата за состаноци.  

– Работните материјали ки ќе бидат дистрибуирани од организаторот секој учесник ќе ги добие индивидуално.

Доколку имате интерес за учество Ве молиме пополнете го образецот со соодветни информации и најдоцна до 11.00 ч. до  03.11.2021  година испратете го по емаил на: Snezana.simonovska@na.org.mk

Образецот може да го преземете со клик на следниот линк.

 

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...