spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Градоначалникот Колев во увид на градежните работи во Г. Оризари

Велес: Градоначалникот Колев во увид на градежните работи во Г. Оризари

Во тек е реконструкција на плоштадот во село Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска изврши увид во градежните зафати што ги изведува Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“.

На терен моментално се врши машинско гребење на постоечкиот асфалт. Во следната фаза од градежните активности ќе се постават улични рабници, нивелирање на капаците на постоечките шахти, по што следува асфалтирање на плоштадот и улицата.

Реконструкцијата на плоштадот во село Горно Оризари се реализира со средства од буџетот на Општина Велес во вредност од 2.355.280 денари со вклучен ДДВ.

Според договорот, градежните работи се изведуваат еден месец, по што жителите на Горно Оризари ќе добијат комплетно уреден плоштад.

 

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...