Гевгелија: Во пожар изгореле делови од настрешница и покрив на семејна куќа

ОпштиниГевгелија: Во пожар изгореле делови од настрешница и покрив на семејна куќа

Најчитано

После 01:00 часот по полноќ, избувна пожар во семејната куќа на Славко Станојковиќ, во Мрзенци. Пожарот ги зафатил настрешницата и дел од покривот на семејната куќа. По брзата интервенција од страна на ТППЕ- Гевгелија пожарот е локализиран и целосно изгаснат.

Со што е спречено неговото проширување до соседната семејна куќа која е лепенка до опожарената. Констатирана е материјална штета, односно изгореле делови од настрешницата, кровот, предмети и една веспа. Во гаснењето на пожарот учествувала екипа на ТППЕ- Гевгелија со две противпожарни возила.

Засега, не се утврдени причините за настанување на пожарот во куќата на Станојковиќ, истакнуваат од ТППЕ- Гевгелија.

 

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе