spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Работна средба на градоначалникот Костадинов со директорот на ЈП “Паркиралишта“ ...

Струмица: Работна средба на градоначалникот Костадинов со директорот на ЈП “Паркиралишта“ Бујуклиев

Реализирана работна средба на Градоначалникот Костадин Костадинов со директорот на ЈП “Паркиралишта Струмица“ Г‐дин Митко Бујуклиев на која беше разговарано за тековните активности, актуелните задачи и отворените прашања кои се во доменот на дејноста на ова струмичко јавно претпријатие. Сериозен акцент е ставен на неколку приоритетни точки кои директно влијаат на секојдневното функционирање на градот.

1. Спроведувањето на зонското паркирање во пракса
2. Непрописно паркирање
3. Паркинг капацитети во градот
4. Хигиената и тековното одржување на паркинг капацитетите.

Согласно надлежностите, Градоначалникот Костадинов од Директорот Митко Бујуклиев побара детални информации и статус со горенаведените теми, сé со цел разработка на акционен план за третман на овие точки во најкус можен рок.

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...