spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Велосипедска дружба по повод празникот на општината

Валандово: Велосипедска дружба по повод празникот на општината

?‍♂️ Во склоп на „6-то Ноемвриските“ празнувања организирано е и велосипедско дружење од интернационален карактер по планинските предели на општина Валандово од страна на „ЗСК Југоисток“.

?‍♂️ Се работи за тура по планинска патека во должина од 37 км и искачување од 750 м.н.в. Патеката поминува покрај повеќе чешми со природна планинска вода, а секој од учесниците е должен да биде обезбеден со планински велосипед и адекватна заштитна опрема.

Настанот ќе се одржи на 07.11 (недела). Собирањето на учесниците ќе биде на плоштадот во Валандово, во 09:00 часот, а стартот е во 09:30 часот.

? Преку ваков вид на настани празнуваме и поттикнуваме во заедницата. Создаваме традиција која охрабрува нови генерации на здрави навики и не обединува сите.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...