spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Буџетот за 2022, Планот за забрзан економски раст и фискалната...

МФ: Буџетот за 2022, Планот за забрзан економски раст и фискалната децентрализација во насока на локален и регионален развој

Постигнување локален и регионален развој е една од клучните цели на владината програма како дел од заложбите за забрзување на растот, растот да биде поинклузивен и поодржлив и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во насока на остварување на оваа цел во функција се Планот за забрзан економски раст, реформата за унапредување на фискалната децентрализација и Предлог-Буџетот за 2022 во којшто капиталните инвестиции изнесуваат 14 проценти од вкупните расходи, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на настан во организација на УНДП „Финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“.

 

Предлог – Буџетот за 2022 година, како што рече министерот е развоен, при што се создава амбиент на целокупен развој, а во тој контекст и развој на општините.

Министерот посебно се осврна на реформата за унапредување на фискалната децентрализација која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините.
„Со реформата се доделуваaт повеќе средства за општините. Тоа се постигнува со зголемување на сегашните 3% предвидени приходи за општините од данокот на личен доход на 6% и на стапката на дотација од ДДВ од 4,5 % на 6 %, коишто ќе се применуваат од 2024 година. До 2024 година предвидено е постепено зголемување на приходите од личниот данок на доход, така што процентот за 2022 година ќе изнесува 4%, за 2023 година 5% и ќе достигне 6 % во 2024 година.“, информира тој и додаде дека средствата од дополнителното зголемување на процентот на ДДВ за општините ќе се распределуваат во два нови фонда – Фонд за перформанси (успешност) и Фонд за изеднaчување.

Фондот за перформаси ќе ги награди општините што имаат подобра наплата на локалните приходи, додека Фондот за изедначување ќе делува во насока на намалување на разликите согласно фискалниот капацитет на општините.

Министерот Бесими, информира дека постигнување локален и регионален развој се рефлектира и во Планот за забрзан економски раст. Притоа Планот за забрзан економски раст има за цел зголемување на инвестициите со мобилизирање на средства од приватниот сектор.

„Во овие рамки ќе се формира и Фонд за локален и регионален развој чија намена е да ги поддржи локалните самоуправи и локалните и националните јавни претпријатија со цел проширување и развивање на локалната инфраструктура, обезбедување висококвалитетни локални јавни услуги и подобрување на локалното управување“, потенцира Бесими.

Капиталот за Фондот ќе биде обезбеден од средства на централниот буџет и ќе биде надополнет со средства од комерцијалните банки, официјални кредитори и донатори за да се обезбедат дополнителни финансии за локални и регионални инвестиции и развојни проекти.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...