„На многу краток период пред локалните избори студентите оние кои што исполнуваа одредени услови добија решение дека ќе добијат средства за субвенциониран студентски оброк. И комисијата за образование и наука и јас лично го имаме коментирано тоа, прво во однос на сумата која што сметаме дека во овој период она драстични поскапувања на продуктите е многу мала, а потоа и за времето кога се соопшти дека студентите ќе го добијат тој субвенциониран студентски оброк. И јас го дефинирав тоа како предизборен поткуп и имам доказ сега за тоа, на ден после избори не мал број јас во мојот увид имам најмалку 500-600 студенти еве и нека имам грешка некоја минимална, на кои им се укинува субвенционираниот оброк. За да е уште полошо откако се разбурка јавноста сите добија информација дека е системска грешка, техничка грешка на системот и дека не треба да го земат во обѕир маилот“,појасни Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.
Јаневска додаде дека скандалот со субвенционираниот оброк не завршува тука.
„Па, ни тоа не беше доволно сношти слушам студентка, претставник претпоставувам на Студентски сојуз или некоја форма на студентско здружување и вели вие сите што добивте вакви информации од вашиот маил, пратете жалба и побарајте повторно да се разгледа тој случај. Ако е грешка зошто би требало да праќаат жалба“, запраша Јаневска.
Јаневска посочи дека грешката не е случајност се случува ден по изборите. И зошто студентите решението го добиваат дека се одбиени ден по избори. Ако го добиваат во понеделник сабајле, можеа да го добијат и во петок попладне. Значи сработено е тоа.
„И сега се прашуваме дали едни се наградени, а други казнети“, нагласи Јаневска.
Извор: ВМРО ДПМНЕ