spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода, СДСМ нема да дозволи прекршување на законите

Соопштение за јавност на ОО СДСМ Кисела Вода

Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот.

После Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода.

Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.

Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...