spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗа решавање на проблемите на граѓаните потребни се предвремени парламентарни избори

За решавање на проблемите на граѓаните потребни се предвремени парламентарни избори

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 изјави дека се потребни предвремени парламентарни избори се со цел да дојдат сериозни луѓе кои што ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Мораме да одиме на предвремени парламентарни избори за да сериозни луѓе дојдат на позиции да ги решаваат проблемите. Во моментот ние имаме несериозни луѓе кои што не носат никаков напредок на државата и тоа го гледате во сите области. Еве одберете една област и кажете во која област државата се движи во права насока, праша Ковачки.

Ковачки смета дека владата на СДСМ мора да си замине бидејќи како што истакна тој оваа влада не работи за доброто на граѓаните, туку работи само за себе и екипата на Зоран Заев.

Значи оваа влада мора да падне затоа што треба да работиме за доброто на граѓаните, а во моментот оваа влада не работи за доброто на граѓаните, туку работи само за себе, односно на Заев и таа една екипа околу него. Зошто ова го кажувам? Кои луѓе ќе се справуваат со таа енергетска криза која што ни претстои? Истите кои што доведоа до оваа криза? Знаете дека багерот во РЕК Битола е поплавен, вие сте од Битола веројатно знаете што се случува таму во моментот. Значи ниту се копа јаглен, ниту ништо. Еве го слушав директорот на МЕПСО кажува Европа бара од нас план како ќе произведуваме струја, не верува веќе на ЌЕ, значи го цитирам директорот на МЕПСО. До сега добиваме пет опомени од Европа, крадеме струја, оваа ли влада треба од енергетската криза, објасни тој.

Да зборуваме за здравствена криза. Венко Филипче ли ќе не изнесува од здравствената криза, па кажаа граѓаните што мислат на избори и за енергетската криза, и за Венко Филипче и за Зоран Заев, граѓаните бараат промени. Граѓаните дадода поддршка за програмата да создадеме нова иднина, тоа е тоа, кратко и јасно, изјави Ковачки.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте