spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација

Кисела Вода: Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација

Првата седмица од преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја заокружи со 100 потпишани решенија за легализација. 100 Семејства од општина Кисела Вода вчера синоќа лично од него и од  тимот составен од дел од администрацијата и советниците од Советот, го добија документот со кој нивниот објект стана легален.

– Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Во насока на побрзо решавање на предметите, се зголемува бројот на службеници кои работат на процесот на легализација, се формираат повеќе комисии за вршење увид, со што интензитетот на работа ќе биде зголемен и легализацијата на дивоградбите ќе се одвива со забрзано темпо.

Преостанати се уште 5735 предмети. Општина Кисела Вода ги замолува граѓаните кои поседуваат ваков објект да ја докомплетираат документацијата, со што процесот на легализација би течел непречено и тие би стигнале побрзо до својот имотен лист.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте