spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со претставници од Светска Банка

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со претставници од Светска Банка

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет оствари работна средба со тимот од Светска банка, предводен од претставникот на Светската Банка, Беким Имери и главниот координатор на вториот МСИП проект, Тања Томиќ.

 

На состанокот се дискутираше околу тековната имплементација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа-коловоз на улицата “Сердарот”, кој е финансиран со средства од Вториот МСИП Проект, како и за можноста за понатамошна соработка.

Од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски, тимот од Светска Банка беше информиран околу стратешките планови и приоритетни проекти кои се зацртани во неговата програма. Заеднички, се дискутираше кои се потребите на општината и во кој дел може да се бара финансиска поддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните.

Средбата беше заокружена со заклучок дека успешната соработка со оваа институција ќе продолжи, се со цел, Општина Кисела Вода да има силен локален економски развој кој ќе донесе подобар живот на граѓаните.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...