Кисела Вода: Час за локална самоуправа заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски

ОпштиниКисела Вода: Час за локална самоуправа заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски

Најчитано

Четвртоодделенците од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” денес имаа едукативна посета. На часот по Општество, каде се изучува темата локална самоуправа, им гостуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој на учениците им објасни како практично функционира една локална самоуправа и кои се нејзините надлежности.

 

Основците беа заинтересирани и добија одговори за тоа како се бира градоначалник, кои се органите на Општината, како функционира Советот на локалната самоуправа и слични други прашања за кои учат по овој наставен предмет, но не им е сосема јасно како тоа практично изгледа и функционира.

Покрај учениците од ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”, средба со градоначалникот денес имаа и основците од ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Тие со своите наставници дојдоа во дворот на Општина Кисела Вода, каде имаа можност да прашаат она што ги интересира.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со задоволство им одговараше, со нив сподели детали од своето детство, но и побара да му кажат што ним, како најмлади жители на општина Кисела Вода, им е потребно во близина на нивниот дом и училиште. Од него добија ветување дека нивните интереси и потреби секогаш ќе бидат во неговите приоритети на работење.

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе