spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: По Расадник, генерално се чисти и Бирарија

Кисела Вода: По Расадник, генерално се чисти и Бирарија

Продолжува големата акција за чистење на Општина Кисела Вода. После Расадник, од утринава истата се спроведува во урбаната заедница Бирарија.

 

На терен се сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода кои вршат расчистување на улиците од отпад, кастрење на гранките на дрвјата, косење, метење на паднатите лисја, чистење на мини депониите.

Со цистерна се мијат улиците, плочниците и тротоарите. Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, ова е само почеток на една силна офанзива за чистење и расчистување на општина Кисела Вода.Оваа акција ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од овој дел на градот. По неа, ќе следат и многу други, за што ќе бидат ангажирани и дополнителен број на сезонски работници, а локалната самоуправа ќе работи силно на подобрување на услугата од комуналните служби.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте