Велес: Старт на проектот за изработка на студија на Јавен градски превоз

ОпштиниВелес: Старт на проектот за изработка на студија на Јавен градски превоз

Најчитано

Во просториите на Општина Велес официјално започна реализацијата на проектот за изработка на Физибилити или Студија на изводливост за оптимална мрежа и систем за јавен градски превоз во Велес,  финансиски поддржан од УНДП и буџетот на Општина Велес.

На првата средба со претставниците на израелската компанија „РОМ“ која работи на студијата, Градоначалникот Марко Колев изрази задоволство што Општина Велес е првата во државата што ќе има ваков вид на студија, неопходна за развојот на градски превоз по мерка на граѓаните. Тој изрази надеж дека документот што ќе го добие Општина Велес ќе биде усогласен со буџетските можности на општината, како и со буџетските можности на  државата и можностите за кредитирање, со цел да биде изводлив и да може да се реализира во период од 4 години.

Градоначалникот Колев упати благодарност до УНДП за поддршката, со напомена дека има лично драгоцено искуство од успешната соработка со УНДП додека работел како  раководител  и вработен во Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. „Навистина се радувам што ја продолжуваме соработката со УНДП и на општинско ниво“, рече Колев.

Мирјам Фишер и Јаир Шпиро, претставници на компанијата „РОМ“ му честитаа на Градоначалникот Колев за неговиот избор и изразија надеж дека успешната соработка ќе резултира со документ кој ќе помогне Велес да добие јавен градски превоз базиран на потребите на граѓаните.

Тие ги известија присутните дека наредните денови ќе престојуваат во Велес и ќе работат на терен на прибирање податоци од граѓаните и институциите за актуелните состојби со јавниот превоз во градот и населените места.

Владо Гроздев, експерт ангажиран од УНДП во рамките на проектот изрази задоволство што првата фаза на проектот заврши успешно, со изборот на стручна компанија и побара од тимот на Општина Велес да се вклучи во анализата и коментарите на првичните верзии на студијата, со цел кога ќе заврши проектот, во февруари 2022 година, Велес да добие што поквалитетен и посеопфатен документ.

Проектот за изработка на Студија за јавен градски превоз е во вредност од 100.000 долари, од кои 60.000 ги обезбеди УНДП, а 40.000 се обезбедени од буџетот на Општина Велес.

 

 

 

 

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе