spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКрај на Заевизмот – ДУИ конечно опозиција

Крај на Заевизмот – ДУИ конечно опозиција

Вчера на координативна средба политичките партии – Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата СДСМ-ДУИ.

Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!

Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.

Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.

Левица, и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.

За идните избори, и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...