Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески вчера излезе на терен во централното градско подрачје. Заедно со вработени од Секторот за урбанизам ја посетија локацијата каде треба да се реализира проектот „Архитектонско и партерно уредување на јавна површина – пешачка патека, улица „Борка Талески“ каде ги разгледуваа можностите околу реализација на овој проект.
Како што беше разговарано за време додека траеше увидот со реконструктивно – градежни активности би била опфатена површина од 2700 м2 на потегот од местото каде е поставен споменикот на Пеце Атанасоки па се до основното училиште „Кочо Рацин“. Со партерното уредување на овој потег предвидено е да бидат поставени нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор.
Реконструкцијата на улицата „Борка Талески“ во центарот на Прилеп беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески.
Извор: Општина Прилеп