spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМицкоски ја доби поддршката од Коалицијата за натамошните чекори во промена на...

Мицкоски ја доби поддршката од Коалицијата за натамошните чекори во промена на власта

Почитувани,
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари средба со претставниците на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“. На средбата тој ги информираше за новата реалност и новото мнозинство во собранието, кое значи пад на владата на СДСМ – ДУИ.
Претседателот Мицкоски ја доби поддршката од Коалицијата за натамошните чекори во промена на власта.
Претседателот Мицкоски кажа дека во наредниот период ќе се обиде да формира влада, доколку постои сигурност  дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет,  влада со  силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои треба да следат.
Доколку не се постигне обезбедување на целосна ефикасност на таквата влада со цел справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, единствено правилно решение се брзи предвремени парламентарни избори.
Клучни приоритети за државата и за партиите дела од коалицијата „За обнова на Македонија“ се реформите на системот, борбата против криминалот и корупцијата, ефикасност на институциите, европската иднина на државата и сеопшто економско – општествен развој.

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...