spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСилата е кај народот и во име на таа сила објавувам дека...

Силата е кај народот и во име на таа сила објавувам дека доаѓаат подобри времиња

Власта во заминување е во паника. Сакаат да не опишат како „анти – ова или анти-она“, истите тие кои 5 години, 52 месеци владеат со конфликти, не одалечуваат од ЕУ само со една цел, да го бранат криминалот и своите политички кариери кои безмилосно ги уживаат на грбот на народот, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р. Христијан Мицкоски на вчерашната прескоференција.

Ниту им е за ЕУ кон која не не поместија ниту милиметар, ниту за државата која ја упропастуваат, туку за криминалните тендери кои нема да ги имаат повеќе. Тоа се нивните последни обиди да ги зачуваат фотелјите, рече Мицкоски.

Тој кажа дека тие добро знаат дека единствено нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и овој нов блок е анти, односно против, тоа e против криминалот и корупцијата.

Не е време за триумфализам, време е за решавање на напластени проблеми. Не чекаат сериозни предизвици. Државата треба да се справува со енергетската криза, мора да се заштити стандардот на граѓаните и да се бориме против инфлацијата.  Ќе направиме реформи во економијата. На бизнисот му треба поддршка, а на народот повеќе пари. Ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Ковид заразата е најголемата закана по животот на луѓето. Вредностите на ЕУ да ги направиме наши вредности, истакна Мицкоски.

Тој потенцира дека промените започнале и тие ќе се случат. Тие се неминовност и  тука нема запирање. Новата иднина е заедничкиот сон во кој веруваат. Да почнат сите да сонуваат големи работи. Време е да се чуе гласот на обесправените, на тивкото мнозинство, на тие луѓе кои заслужуваат се’, а не добиваат ништо. Ова е заедничка борба за народот во Македонија.

Силата е кај народот и во име на таа сила објавувам дека доаѓаат подобри времиња, заклучи Мицкоски.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...