spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаИтна точка на дневен ред и Јавна Расправа, сѐ со цел решавање...

Итна точка на дневен ред и Јавна Расправа, сѐ со цел решавање на овој вештачки креиран проблем со булеварот

Небезбедни улици без сообраќајна контрола.

Тешка сообраќајна несреќа со тешки последици се случи рано утрово пред 04:00 часот на булевар Александар Македонски во близина на АМСМ. Повредени се членови на цело семејство, некои и потешко. Еден од нив е итно пренесен во Скопје.

Како причина, дел од сведоците ја истакнаа огромната брзина на движење на возолото „Пасат” при што со силен удар го отфрлил другото возило со четири-членото семејство над 25 метри и завршило покрај патот.

Овај булевар важи за еден од најмизерно конструираните, па речиси на ниво на цела Македонија. Се вози со голема брзина, контејнери за отпад се поставени на велосипедските патеки, автомобили на пешачките. Општ хаос во сообраќајот без иницијатива за уредување.

Левица, според својата програма уште на следната седница на Совет ќе го предложи нивното решение со поставување на итна точка на дневен ред и ќе иницира Јавна Расправа, сѐ со цел решавање на овој вештачки креиран проблем.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...