spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со првиот човек на АД “Цементарница...

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со првиот човек на АД “Цементарница УСЈЕ”, Борис Хрисафов

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес имаше работна средба со генералниот директор на АД “Цементарница УСЈЕ”, Борис Хрисафов. На состанокот со првиот човек на компанијата лоцирана во Кисела Вода, која е една од најголемите домашни индустриски капацитети, беа отворени различни идеи и можности за соработка.

 

Имено, и во минатото, преку својата програма за општествена одговорност, АД “Цементарница УСЈЕ”, честопати била финансиски партнер на локалната самоуправа при реализација на повеќе проекти.

Градоначалниот Ѓорѓиевски се интересираше и потенцираше дека ќе се следи работата на овој голем индустриски капацитет од аспект на влијание врз животната средина. Од страна на директорот Хрисафов, му беше кажано дека работат по сите домашни и европски регулативи, дека редовно се вршат контролни испитувања на квалитетот на воздухот од акредитирани лаборатории и дека не постои корелација меѓу загадениот воздух во Скопје и работата на Цементарница.

Беа отворени и многу други прашања кои ја засегаат бизнис заедницата од овој дел на градот. Борис Хрисафов, како Претседател на Советот на стопанственици од општина Кисела Вода, на градоначалникот Ѓорѓиевски му ги посочи потребите на компаниите и заеднички дискутираа за можните чекори кои може да се преземат за да се подобри нивното работење. Разговорот го заокружија со конкретни идеи и решенија, чие имплементирање ќе овозможи подобро функционирање на бизнис-заедницата, од што најголема корист ќе имаат жителите на општината.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во...

0
Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Хз....