spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со Здружението на пензионери

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со Здружението на пензионери

Претседателот Момчило Петровиќ и неколку претставници од Здружението на пензионери од општина Кисела Вода остварија средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Му посакаа добра и успешна работа и со него отворија повеќе теми врзани со подобрувањето на квалитетот на живеење за оваа категорија на граѓани.

Ѓорѓиевски искажа подготвеност да им се излезе во пресрет за сите добри идеи и потенцираше дека во неговата програма има бројни проекти наменети токму за пензионерите и нивните потреби. Потсети дека токму во моментов тече обуката за негуватели кои на старите и изнемоштени лица од овој дел на градот ќе им пружаат помош во нивниот дом. Ќе има и проекти за подобрување на социјалниот живот на пензионерите. Ќе се одржуваат настани од културен, спортски, социјален карактер во кои тие ќе бидат вклучени.

-Овие лица се значаен сегмент од нашата заедница и ќе овозможиме да го добијат заслуженото место во општественото живеење, наведе на средбата градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...