Министерството за информатичко општество и администрација и Фондација Метаморфозис го организираат вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“, овозможен преку поддршката на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество. Ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември 2021 година, во склоп на 17-то издание на интернационалната конференција е-Општество.мк.
Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT.
Сите заинтересирани учесници може да се регистрираат по електронски пат на следниов линк https://bit.ly/3b9iv04 , најдоцна до 24 ноември, 2021 година.
Победникот на Хакатонот ќе добие 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.
Подетални информации се достапни на следниов линк: https://bit.ly/3mEMhQL
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација