МВР: Претреси, приведени тројца дилери, пронајдена дрога

МинистерстваМВР: Претреси, приведени тројца дилери, пронајдена дрога

Најчитано

Денеска (07.11.2021) од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и ОВР Свети Николе лишени се од слобода A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

 

По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана. По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе