Неготино: Одбележан 8-ми ноември – празникот на општината

ОпштиниНеготино: Одбележан 8-ми ноември – празникот на општината

Најчитано

Одбележувањето на празникот на општина Неготино започна со положување на свежо цвеќе и поклонување пред спомен бистите на паднатите борци од НОБ со што им беше оддадена почит за нивното херојство и нивната жртва шти ги дадоа за да може денеска да ја славиме 77 годишнината од ослободувањето на Неготино. Активностите продолжија со одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино на која свое обраќање имаше првата жена претседателка на Советот Роза Јаневска која истакна дека се залага за чесно и транспарентно работење и повика на вклучување на сите заинтересирани граѓани во процесот на носење на одлуки, кои според Јаневска, ќе бидат во интерес на сите граѓани на општината.

Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на присутните на седницата и на сите граѓани на општина Неготино им го честиташе Денот на ослободувањето истакнувајќи дека сака граѓаните да го перцепираат како човек во системот кој е подготвен заедно со нив да ги менува работите на подобро и дека е отворен за соработка за сите кои и мислат добро на општината. Во обраќањето градоначалникот Стојанов ги набројав трите проекти кои ќе бидат реализирани во првите 100 денови од неговиот мандат и повика на сплотеност во остварувањето на декларираните заложби сите заедно Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места на живеење. На свечената седница се доделија наградата 8-ми ноември која оваа година ја доби Територијалната противпожарна единица Неготино,а признанија им беа врачени на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од културата, Блаже Лазовски од образованието, Стојче Наков од областа на науката, Илија Ѓорѓиев-рекреативен спорт, а посебно признание се додели на ЈЗУ Здравствен дом Неготино за справување со корона кризата во нашата општина. Седницата заврши со свечен концерт подготвен од учениците и вработените од Основното музичко училиште Владимир Арсовски од Неготино.

 

 

 

Извор: Општина Неготино

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе