spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ќе ги подобриме условите и во “Сончоглед” и во сите...

Кисела Вода: Ќе ги подобриме условите и во “Сончоглед” и во сите други градинки во општината

Увид во градинката “Весели Цветови”, објект “Сончоглед”, изврши вчера вечер градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со претставници од општинската администрација.

Во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, па првиот човек на Кисела Вода, сакаше лично да се запознае што му недостига на овој објект и како може да се подобрат условите.

Неодамна, тука се изврши замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците. Од обиколката беше констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

Раководството на градинката доби уверување од страна на градоначалникот дека во најскоро можно време ќе започнат градежни активности за надминување на евидентираните проблеми.

-Ќе работиме на подобрување на условите не само во “Сончоглед”, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.

Инаку, објектот “Сончоглед” е лоциран на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода. Истиот датира од 1974 година.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...