spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Меморандум за соработка со Детската фондација “Песталоци”

Куманово: Меморандум за соработка со Детската фондација “Песталоци”

Општина Куманово во партнерство со Детската фондација “Песталоци” -Троген-Швајцарија, подружница во РСМ ќе реализираат активности за спроведување на Националниот стратешки план за образование во државата 2021-2023, со цел развој на инклузивен интегриран образовен систем. Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директори на општински основни училишта “11 Октомври” и “Христијан Карпош”, потпишаа Меморандум за соработка со Детската фондација, за да се  воспостави и зајакне соработката помеѓу двете страни за спроведување на проектот„Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем”.

Проектот предвидува обуки за раководниот кадар, наставниците и стручниот  персонал во училиштата, како и за претставници на општините, наменети за деца, кои не се вклучени во наставата.

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...