Реализирани најголем дел од мерките од Планот за борба против корупција, се подготвува дополнување на Планот

ВладаРеализирани најголем дел од мерките од Планот за борба против корупција, се...

Најчитано

Мерките од Планот за борба против корупција се реализираат според предвидената динамика и институциите постапуваат според задолженијата во зададените рокови, порача заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната владина седница на којашто беше презентиран степенот на реализација на Планот за борба против корупција.  Откако е усвоен Планот, односно за осум месеци, реализирани се најголем дел од мерките. Во однос на мерката „Екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и истражните центри во склоп на основните јавни обвинителства“, се подготви анализа за просторните услови, човечките ресурси и неопходните средства за работа на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Согласно анализата со усвојување на Предлог-буџетот за 2022 година заради зајакнување на јавните обвинителства предвидени се нови вработувања на стручни јавнообвинителски службеници. Буџетот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија без категорија плати следната година ќе биде повисок за 20,7 отсто. Формираната работната група активно работи на усогласување на сите потребни закони за спроведување на процесот на дигитализација, со цел во јули следната гледна комплетно да започне процесот. Шесте закони на МВР се веќе усогласени и усвоени од Владата. Тоа се Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на Република Северна Македонија, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Се финализира постапката за воспоставување на проектот Е-инспектор. Веќе се обезбедени преносни компјутери за трите клучни инспекторати, односно вкупно 400 преносни компјутери за Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот Управен инспекторат. Овој проект е значен за елиминирање на човечкиот фактор при инспекциските надзори и контроли и намалување на ризикот од корупција. Започна со работа Системот за следење на предмети и претставки, со цел да поттикнат институциите да работат во служба на граѓаните, а граѓаните да пријавуваат непостапувања по предмети. Од 23-ти септември до 8-ми ноември се пристигнати вкупно 51 тикети/проблеми од кои 46 се доделени на институции за постапување и  5 се доделени на порталот (нераспределени). Од вкупниот број на проблеми решени се 40 или изразено во проценти 78%.

Вицепремиерот Николовски на владината седница образложи дека од страна на МВР е подготвена Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план, истата е усвоена од Владата, а формираната Национална комисија за мониторинг врз имплементирање на Акцискиот план, веќе работи на активностите за спроведување на Стратегијата. Во соработка со Советот на Европа, подготвена е драфт верзијата на Законот за потекло на имот, и текстот е испратен на меѓународни експерти. Владата ги усвои измените на Законите за јавни претпријатија и установи, со кои се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, начинот на нивниот избор и надоместокот. Се работи и на изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што во рамки на Министерството за правда формирана е работна група која работи на предлог закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Донесени се и веќе се применуваат одлуките за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Институциите подготвуваат и ги објавуваат интерните процедури за јавни набавки, годишни антикорупциски програми, и назначуваат лица за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување.

Вицепремиерот Николовски на владината седница потенцираше дека веќе се работи на дополнување на Планот за борба против корупција, за што повторно преку јавен повик ќе биде консултиран невладиниот сектор преку свои предлози.

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе