54 Детски рацинови средби – Младите поети и ликовни уметници твореа

Општини54 Детски рацинови средби - Младите поети и ликовни уметници твореа

Најчитано

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 54-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Детски сништа во мугрите“ . Градоначалникот Колев ги поздрави младите поети и уметници и порача нивната младост да биде чувар на името на Рацин.

„Вие сте авангардата што преку стих раскажува за безвремениот поет, а светот одново и одново ќе дознава за Велес и Македонија. Ви посакувам денов да Ви остане во долго паметење и да Ве исполнува со непресушна творечка инспирација. Каде и да одите, што и да правите секогаш понесете од Рациновската љубов за да може светот да се прегрне преку неа. Кога и да ни дојдете пак, Велес одново ќе Ви се израдува. 54 – те Детски Рацинови средби ги прогласувам за отворени“, рече Колев.

Градоначалникот Колев им ги врачи наградите на добитниците на Гран-при наградите на најдобрите дела од литературниот и ликовниот конкурс. Добитник на наградата Гран-при на Литературниот конкурс е деветтоодделенката Ева Дејановска од Гостивар, добитник на Гран-при наградата на ликовниот конкурс е средношколката Нена Стојкоска од Гевгелија.

И годинава стиховите на Рацин беа инспирација на над стотина ученици од повеќе градови во државата кои се јавија на литаратурниот конкурс, но и на голем број талентирани ликовни уметници кои твореа инспирирани од Рацин. На авторите на најдобрите литературни и ликовни творби им беа доделени награди од издавачката куќа „Просветно дело“.

Свеченото отворање на 54 Детски рацинови средби беше збогатено со изведбата на членовите на балетското студио „Анабела“.

Во рамки на одбележувањето на 54 Детски рацинови средби, во Ликовниот салон се одржа и промоција на четири книги на автори на детска литература.

 

 

 

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе