Во паркот „Стив Наумов“, во тек е поставување на нова трим патека, која ќе содржи 12 различни направи за вежбање. Во централниот дел е поставена пешачка патека која ги поврзува двете спротивни улици со пешачка зона и простор за одмор.
Во наредните денови ќе се врши поставување на направите за вежбање. Вредноста на оваа инвестиција е околу 1.000.000 денари.
Извор: Општина Битола