spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНеспособноста на власта во енергетиката ќе чини 4 милијарди денари

Неспособноста на власта во енергетиката ќе чини 4 милијарди денари

Неспособноста, неодговорноста, а пред се криминалните политики на власта на Заев ја донесоа Македонија пред енергетски колапс.

Најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола во сред енергетска криза работи само со половина блок, од три блока. Има јаглен само за два дена, а капацитетот на вештачките езера е доведен во состојба да задоволи само еден ден производство на струја.

Што фатија запустија. За само година дена ЕЛЕМ (ЕСМ) и МЕПСО ги претворија во загубари, затоа што трошеа пари на непотистички вработувања, мебел и луксуз, наместо да го одржуваат и надградуваат електроенергетскиот систем.

 

Поради криминалците во Власта на Заев Македонија нема доволно производство електрична енергија па затоа се трошат огромни суми народни пари за увоз. Само за три дена државата купи струја во износ од 9 милиони евра, а истата количина електрична енергија можеше да се произведе во нашите капацитети за 4,5 пати поевтино. Досега имаме добиено пет опомени од Европа заради недозволено повлекување на струја и за тоа ни претат со милиони евра казна. Тоа значи дека домашните апаши почнаа да крадат струја и од Европа.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...