spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСедницата ќе биде одржана утре и на истата конечно ќе биде изгласана...

Седницата ќе биде одржана утре и на истата конечно ќе биде изгласана недоверба на Владата

„Седницата ќе биде одржана утре и на таа седница конечно ќе биде изгласана недоверба на Владата“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Лефков посочи дека на крајот од денот сето ова не се прави за политичките партии, ова се прави за граѓаните на Република Македонија.

„Ова се прави за народот, затоа што конечно е потребно да престанат игрите на Зоран Заев кој што дава па повлекува оставка, па се губиме во некои правни лавиринти. Интересот ве уверувам не е наш, со ова го слушаме гласот на граѓаните затоа што навистина е потребно час поскоро да се случи таа оставка. Конечно да се ефектуира за она што се зборуваше, и конечно Македонија да може да почне со некои нови поспособни луѓе, да почне да ја создава таа нова иднина, односно најпрвин да може да се избори со оние проблеми кои што ги натрупа и ги остави оваа власт“, појасни Лефков.

„Оваа влада целосно го загуби кредибилитетот и граѓаните го кажаа тоа. А, утре кога ќе се изгласа недовербата во Собрание ќе видат дека сме заедно и против корупција, криминал, против тоа да ни минуваат наркотици низ државата и да ги возат началници. Ќе кажеме дека сме против тоа да ни горат луѓе во монтажна болница и да нема никаква одговорност за тоа. Утре е денот кога ќе падне оваа влада“, изјави Лефков.

Лефков истакна дека граѓаните на овие избори си го кажаа своето, а во тоа ги мотивираше и Заев кој во залог ја стави својата премиерска функција.

„СДСМ да си ја бара одговорноста кај Заев, тој самиот појде „ол ин“, сам се внесе и своите министри во влогот, го стави во заложба целиот државен механизам и кажа дека доколку загуби ќе си оди. Кога ги виде резултатите вечерта си даде оставка“, рече Лефков.

Во однос на паралелите кои се прават со гласањето на пратеници во скафандер, Лефков истакна дека за петтиот пакет мерки СДСМ правеше театар и во залог ја држеше цела држава и стопанство само за да си гласа други закони, додека за петтиот пакет мерки имаше 112 гласа.

„Целосна невистина е дека присуството на тие двајца пратеници во скафандер беше клучно за пакетот мерки. Ја донесоа во исчекување цела економија и гледаме сега државата во каква економска ситуација ни се наоѓа, што се случува со инфлацијата, цените, енергетската криза, поради таа нефункционалност на власта“, потенцираше Лефков.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...