Град Скопје: Прва средба на градоначалникот Aрсовска со новинарите

ОпштиниГрад Скопје: Прва средба на градоначалникот Aрсовска со новинарите

Најчитано

Воведувањето бесплатен јавен превоз во Скопје, новогодишното украсување на градот, новиот Генерален урбанистички план, галиите во коритото на реката Вардар, одржувањето на седниците на Советот на Град Скопје и работењето на јавните претпријатија беа само дел од темите на кои се разговараше на денешната прва средба на градоначалникот Данела Арсовска со претставниците на медиумите.

 

Арсовска нагласи дека во својот мандат има намера да покаже дека работите во Градот Скопје може да се водат поинаку, без вмешување на политиката, туку со почовечен пристап едни со други, како меѓу вработените во администрацијата, така и со граѓаните.

 

– Мене граѓаните на Скопје ми дадоа мандат да го реализирам тоа што е понудено во мојата програма и тоа планирам да го направам во наредните четири години како градоначалник на Град Скопје. Посветено ќе работам на остварување на мојата програма и на визијата за модерно Скопје. Токму затоа се откажав од сите претходни функции – одговори Арсовска на новинарско прашање дали се откажала од функцијата конзул на Република Унгарија во нашата земја.

 

Таа рече дека веќе е почната реализацијата на првите проекти од нејзината програма кои се предвидени за спроведување во првите 82 дена, како што е акцијата за расчистување на дивите депонии. Од градоначалниците на сите десет скопски општини, како што појасни таа, ќе се побараат и дополнителни локации што треба да се расчистат за да се уреди просторот и да се намали загадувањето.

 

Градоначалникот додаде дека веќе се работи и на ревизија на затекнатите проекти, а се разгледува и работењето на јавните градски претпријатија и културните институции за да се утврди фактичката состојба на која ќе се базираат сите понатамошни чекори.

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе