ИутеКредит Македонија се приклучува кон општествено одговорната иницијатива за гасење на светлечките реклами на своите експозитури како придонес кон заштеда на електрична енергија.
Рекламите на објектите на ИутеКредит Македонија нема да светат во наредните 30 денови, чекор кон заштеда на што е можно повеќе електрична енергија, по кризната состојба во енергетскиот сектор прогласена на 09.11.2021 год.
ИутеКредит Македонија е компанија која се залага за свесност и рационално користење на ресурсите и сака да испрати порака за одговорно однесување во времиња кога колективното добро е во значајна кореклација со индивидуалните постапки.
Извор: ИутеКредит