spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Кисела Вода: Ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Продолжува генералното чистење од страна на Општина Кисела Вода. Денес сезонските работници работат на потегот кој го следи Јужен булевар до местото викано Рампа, каде започнува Кисела Вода. Се работи за гранична улица со Општина Центар, во чија околина е насобрана огромна количина на комунален смет.

За оваа локација, иако е под надлежност на друга локална самоуправа, до Општина Кисела Вода секојдневно пристигнуваат бројни поплаки за нехигиена. Токму затоа од утрово таму се косат тревни површини, се мете, со камион се расчистува наталожениот смет, со цистерна се перат улиците и тротоарите.

 

– Наша обврска е на граѓаните да им овозможиме чиста и здрава животна средина. Во конкретнава ситуација, Јужниот булевар е само на 200 метри од булеварот Борис Трајковски, кој е главна артерија на Кисела Вода, но и на Скопје. Нам ни е важно како изгледа и влезот на нашиот дом и самиот дом- изјави градоначачникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, темелно беше исчистен и Паркот на бранителите во Драчево. Тука, слободното време го поминуваат голем број наши сограѓани со своите дечиња, па посебно внимание се обрна при чистењето на детските игралишта и просторите предвидени за детска игра. Секако, и тука не изостана метењето на лисјата, собирањето на отпадот, перењето на пешачките патеки…


Генералното чистење на општина Кисела Вода продолжува и во наредниот период.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...