spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПратеникот Јаулески не живее во станот каде се вршел претрес од Финансиска...

Пратеникот Јаулески не живее во станот каде се вршел претрес од Финансиска полиција

ВМРО-ДПМНЕ уште рано утрово пласираат невистини, оркестрирано ја лажат јавноста во врска со отворената предистрага од страна на Финансиската полиција.

Пратеникот Јован Јаулески излажа дека во неговиот дом Финансиската полиција вршела претрес.

Како што јавно објави Финансиска полиција, претресот бил направен во стан на неговиот татко каде Јован Јаулески воопшто не живее.

Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса живее Јован Јаулески, односно стан кој го плаќа Собранието, за којшто граѓаните плаќаат 330 евра месечно.

Згора на се, Јаулески зема и патни трошоци!

Дали тоа што цело ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски веднаш се стави во заштита на криминал отвора сериозни сомнежи за дирекна поврзаност на оваа партија со скандалот останува да покаже истрагата.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте