spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedБерово: Исплатени средствата за субвенционирање за купен велосипед

Берово: Исплатени средствата за субвенционирање за купен велосипед

На сметката на вкупно 42 ца жители на Општина Берово, денеска легнаа средствата, исплатени по основ на субвенционирање за купен велосипед, како дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2021 година.

 

Од сите пристигнати пријави, по јавниот повик, кој беше отворен од 05.08.2021 до 06.09.2021 година, апликантите ги исполниле критериумите, согласно Одлуката и Правилникот за субвенционирање за купен велосипед.

 

Секој апликант е субвенциониран со 50 % од средствата потрошени за купување на велосипед, или максимум 6.000, 00 денари.

 

По основ на субвенционирање на велосипеди, во 2021 година, од Општинскиот Буџет , се исплатени вкупно 242.160,00 денари.

Листата на субвенционирани граѓани за купен велосипед од Општина Берово можете да ја погледнете  ТУКА.

 

 

 

 

Извор: Општина Берово

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...