Берово: Со поддршка на невладиниот сектор, се решава проблемот со пристапност до муслиманските гробишта

ОпштиниБерово: Со поддршка на невладиниот сектор, се решава проблемот со пристапност до...

Најчитано

Невладината органицација ,,Дуј Амала” , во соработка со Општина Берово, изгради патека со бехатон плочки, покрај муслиманските гробишта во Берово.

 

Се реализираат активностите на невладиниот сектор, финансирани преку повикот за финансирање на невладини организации за 2021 година, преку кој на Здружението на граѓани ,,Дуј Амала”, доделени се вкупно 90.000,00 денари за изградба на пристапна патека.

 

Со реализацијата на овој проект, се олеснува пристапот на жителите од овој дел од градот, се олеснува пристапот до муслиманските гробишта и се уредува значителен дел од градот.

 

Согласно одлуката за критериуми и постапката за распределба на средства за финансирање Проектот,, Креирање на подобрни инфраструктурни услови за олеснет пристап на муслиманските гробишта во Берово”, од Општинскиот Буџет за 2021 година се издвоени 90.000,00 денари , а останатите средства во износ од околу 100.000,00 денари се обезбедени преку Муслиманската верска заедница.

 

Со реализацијата на овој проект, општина Берово уште еднаш ја потврдува поддршката, како и блиската соработка со невладиниот сектор и во исто време се потврдува јакнење на капацитетот на овој сектор.

 

 

 

Извор: Општина Берово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе